Одржана работилница за унапредување на известувањето за родово засновано насилство во медиумите

Одржана работилница за унапредување на известувањето за родово засновано насилство во медиумите

Скопје, 5 декември 2024 – Во организација на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вчера се одржа работилница на тема „Унапредување на известувањето за родово-засновано насилство во медиумите. Работилницата беше наменета за медиумски работници од локалните радија и телевизии и на неа присуствуваа и други професионалци од областа.

Родовите стереотипи се комплексен општествен феномен, кои ја попречуваат родовата еднаквост, ги засилуваат штетните дискурси во медиумите и во општеството во целина и се повод и за родово засновано насилство. Медиумите и медиумските професионалци, имаат особено значајна улога и одговорност за подигање на свеста за родовите прашања и за промовирање на родовата еднаквост, истакна директорот на АВМУ д-р Зоран Трајчевски на почетокот на настанот.

Александра Богдановска од Советот на Европа ја нагласи важноста на проектот „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“ во рамки на кој се реализира работилницата, и им се овозможува на институциите корисници и на граѓанските организации во земјава да напредуваат кон исполнување на нивните реформски агенди во областа на слободата на изразување и слободата на медиумите, во согласност со европските стандарди.

За националната легислатива и системот за заштита на жртви од родово засновано насилство говореше Ана Нушкова – Аврамовска, правна советничка во Националната мрежа против насилство врз жената и семејно насилство, додека експертката за медиуми д-р Марина Тунева пред присутните го образложи Прирачникот за родово сензитивно известување во медиумите чија цел е да им помогне на медиумите во нивните заложби за професионално известување на родово сензитивен начин, а со тоа и да се обрне внимание на проблемот со родово заснованото насилство.

Драгана Дрндаревска, членка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, говореше за меѓусекторски пристап во третирањето родово засновано насилство, потоа за важноста на новинарското известување и начинот на врамување на темите поврзани со семејното и родово базираното насилство, родовата еднаквост, ЛГБТИ заедницата, како и за потребата да се води сметка за интерсекционалноста на дискриминацијата, односно ситуациите во кои една личност е дискриминирана по повеќе основи.

Водичот на Агенцијата за мониторинг на примената на стандардите за известување во случаи на родово засновано насилство во медиумите, беше презентиран од неговата авторка проф. др. Катарине Сарикакис од Универзиетот во Виена. Документот е наменет да даде јасни стандарди и критериуми насочени кон оценување дадена содржина при известување околу родово засновано насилство, кои истпвремено можат да им послужат на медиумите како патоказ за разрешување на дилемите при информирањето.

Емилија Петреска – Камењарова од АВМУ, при модерирањето на настанот, потсети дека медиумите играат важна улога во формирањето на општествените ставови и вредности и нудат огромен потенцијал да бидат инструмент за општествени промени.

Презентациите од работилницата се достапни на следните линкови:

Презентација на националната легислатива и системот за заштита на жртви од родово засновано насилство 

Ана НУШКОВА – АВРАМОСКА, Правна советничка во Националната мрежа против насилство врз жената и семејно насилство

Прирачник за родово сензитивно известување во медиумите 

д-р Марина Тунева, Консултантка на Советот на Европа

Презентација на Меѓусекторски пристап во третирањето родово засновано насилство 

Драгана ДРНДАРЕВСКА, членка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Презентација на Водичот за мониторинг на примената на стандардите за известување во случаи на родово засновано насилство во медиумите 

Катарине САРИКАКИС, профeсор на Универзиетот во Виена

Skip to content