Министерството за социјална политика, демографија и млади во соработка со канцеларијата на UNFPA и со финансиска поддршка на Британската амбасада подготвија кампања за подигање на свеста за сите форми на родово засновано насилство, насловена „Не биди нем сведок”, која е продолжение на кампањата „Има помош за живот без насилство”.
За потребите на кампањата се подготвени печатени материјали, летоци, постери, креативни решенија наменети за социјалните медиуми, кои се достапни тука.
Видеата од кампањата се изработени на македонски, албански, ромски и турски јазик и истите се достапни на следните линкови:









