Активности на АВМУ

Родот во спортската ТВ програма во фокусот на првиот јавен состанок на АВМУ

 Скопје, 28 март 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа првиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.

Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, изработените истражувања, активностите на полето на меѓународната соработка.

На состанокот беа презентирани и наодите од Анализата „Родот во медиумите 2021: Родовите прашања и начинот на претставување на жените и мажите во спортската програма на националните терестријални телевизии“, со која за прв пат се дава квантитативен и квалитативен увид во тоа колку и како известуваат националните телевизии за спортистките и спортовите во женска конкуренција, наспроти спортистите и спортовите во машка конкуренција. Повеќе информации на линкот

===========================================================================================================================

Одржана работилница за Родово заснованото насилство и професионалните стандарди за новинарско известување

Скопје – 09.06.2022г. – Во организација на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, а во соработка со Коалицијата Маргини и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство денеска во просториите на Агенцијата се одржа работилница на тема „Родово заснованото насилство и професионалните стандарди за новинарско известување“.

Во своето поздравно обраќање директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски се осврна на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, позната како Инстанбулската конвенција. Денешната работилница се реализира како обврска на регулаторот согласно Акцискиот план за нејзино спроведување. Повеќе информации на линкот.

===========================================================================================================================

Мизогинија и сексизам на програмите на три радио станици

Во ноември 2017 година, Агенцијата утврди дека емитуваните спотови од заедничка кампања во сопствена продукција на Сити Радио, Клуб ФМ и Метрополис Радио Мрежа, која, како што се вели во нив, е наменета за „сите пре-еманципирани жени“, претставуваат дискриминација врз основа на пол, ширење мизогинија и сексизам што е флагрантно кршење на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поради што поднесе претставка до Комисијата за заштита од дискриминација на РМ. Повеќе информации на линкот.
 
 Во врска со поднесената претставка на Агенцијата, Комисијата за заштита од дискриминација на РМ до Агенцијата, во февруари 2018 година достави Допис – мислење со кое се утврдува вознемирување по родова основа направено од страна на Сити радио, кое предизвикува повреда на достоинството на жената, со спотовите од кампањата за прееманципираните жени емитувани на 30 октомври 2017 година.

===========================================================================================================================

Промовирани ТВ и радио спотови против сексизмот во медиумите и истражување за родот во телевизиските програми во 2017г.

Со цел да се сврти вниманието на медиумите кон препознавање на важноста на информирањето за родовите прашања, како и да се поттикне надминување на родовите стереотипи, Агенцијата на 1 март 2018 година ги претстави резултатите од истражувањето за родот во телевизиските програми во 2017 година и промовираше ТВ и радио спотови против сексизмот во медиумите. Повеќе информации за настанот на следниот линк

 

 

Skip to content