АВМУ се приклучува кон кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство 2025

АВМУ се приклучува кон кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство 2025

Скопје, 3.12.2025 – За потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги годинава беше изработена Анализа на родовите прашања и начинот на претставување на жените и мажите во ударното време на националните телевизии.

Целта на анализата е да придонесе за подобро разбирање на влијанието на националните телевизии во контекст на родовата рамноправност, како и да се идентификуваат можни области на подобрување во медиумските содржини што се емитуваат во ударното време.

Клучните наоди од анализата се сублимирани во кратко видео кое е достапно на линкот 

Со ова видео АВМУ се приклучува кон кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство 2025 на Организацијата на Обединетите нации (ООН) во земјава.

 

Skip to content