Родовите стереотипи се комплексен општествен феномен, кои ја попречуваат родовата еднаквост, ги засилуваат штетните дискурси во медиумите и во општеството во целина и се повод и за родово засновано насилство. Медиумите и медиумските професионалци, имаат особено значајна улога и одговорност за подигање на свеста за родовите прашања и за промовирање на родовата еднаквост, истакна директорот на АВМУ д-р Зоран Трајчевски на почетокот на настанот.
Александра Богдановска од Советот на Европа ја нагласи важноста на проектот „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија (ПРО-ФРЕКС)“ во рамки на кој се реализира работилницата, и им се овозможува на институциите корисници и на граѓанските организации во земјава да напредуваат кон исполнување на нивните реформски агенди во областа на слободата на изразување и слободата на медиумите, во согласност со европските стандарди.
За националната легислатива и системот за заштита на жртви од родово засновано насилство говореше Ана Нушкова – Аврамовска, правна советничка во Националната мрежа против насилство врз жената и семејно насилство, додека експертката за медиуми д-р Марина Тунева пред присутните го образложи Прирачникот за родово сензитивно известување во медиумите чија цел е да им помогне на медиумите во нивните заложби за професионално известување на родово сензитивен начин, а со тоа и да се обрне внимание на проблемот со родово заснованото насилство.
Драгана Дрндаревска, членка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, говореше за меѓусекторски пристап во третирањето родово засновано насилство, потоа за важноста на новинарското известување и начинот на врамување на темите поврзани со семејното и родово базираното насилство, родовата еднаквост, ЛГБТИ заедницата, како и за потребата да се води сметка за интерсекционалноста на дискриминацијата, односно ситуациите во кои една личност е дискриминирана по повеќе основи.
Водичот на Агенцијата за мониторинг на примената на стандардите за известување во случаи на родово засновано насилство во медиумите, беше презентиран од неговата авторка проф. др. Катарине Сарикакис од Универзиетот во Виена. Документот е наменет да даде јасни стандарди и критериуми насочени кон оценување дадена содржина при известување околу родово засновано насилство, кои истпвремено можат да им послужат на медиумите како патоказ за разрешување на дилемите при информирањето.
Емилија Петреска – Камењарова од АВМУ, при модерирањето на настанот, потсети дека медиумите играат важна улога во формирањето на општествените ставови и вредности и нудат огромен потенцијал да бидат инструмент за општествени промени.
Презентациите од работилницата се достапни на следните линкови:
Ана НУШКОВА – АВРАМОСКА, Правна советничка во Националната мрежа против насилство врз жената и семејно насилство
Прирачник за родово сензитивно известување во медиумите
д-р Марина Тунева, Консултантка на Советот на Европа
Презентација на Меѓусекторски пристап во третирањето родово засновано насилство
Драгана ДРНДАРЕВСКА, членка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
Катарине САРИКАКИС, профeсор на Универзиетот во Виена
===========================================================================================================================


Скопје, 28 март 2024
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги д-р Зоран Трајчевски, денеска одржаа заедничка прес-конференција посветена на прашањата за родовите, родово базираното насилство и начинот на известување на медиумите. „Моќта на медиумите и нивната способност за професионално известување на јавноста, подигање на свеста како и креирањето на мислењето на целокупната јавност е огромно. Затоа од особена важност е споделување на точни информации од нивна страна, а наша задача како институции е да ги обезбедиме истите”, истакна Тренчевска во своето обраќање. Таа посочи и на заложбите на Министерството за труд и социјална политика во однос на унапредувањето на родовата еднаквост во државата.
Скопје, 28 март 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа првиот јавен состанок за оваа година, на кој директорот д-р Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци.
