Анализа на ИКС „Секситички говор на омраза кон млади девојки“

Сексистички говор на омраза кон младите девојки се шири преку коментарите на новинарските извештаи на социјалните медиуми, кои се плодна почва за развивање на родово-базирани злонамерни и вознемирувачки содржини. Основата за креирање на ваквите содржини најчесто се новинарските објави, па за нивното спречување значајна е улогата на медиумите и нивното известување, а особено регулирањето на коментарите на новинарските извештаи на социјалните медиуми.

Ова го покажува анализата на родово-базирани содржини „Сексистички говор на омраза кон млади девојки“, што ја изработи Институтот за комуникациски студии. Во истражувањето беа анализирани повеќе од 1.500 коментари на новинарски извештаи на Фејсбук за два случаи – двете исчезнати малолетнички во Чаир и двете исчезнати девојчиња во Центар, во периодот од март до мај 2023. Овие случаи беа избрани заради содржината на коментарите што тие ги предизвикаа на социјалните медиуми.

Медиумската анализа е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија“, кој се реализира со поддршка на Британската амбасада во Скопје.

Skip to content