Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е независно регулаторно тело во чија надлежност се традиционалните медиуми – телевизиите и радијата, но и новите аудиовизуелни медиумски услуги по барање. АВМУ има и ограничени надлежности врз операторите на електронски комуникациски мрежи (кабелски оператори) и издавачите на печатени медиуми.

Агенцијата посветува посебно внимание на подигнувањето на свеста за родовите прашања и родовата еднаквост во аудиовизуелните програми, тргнувајќи од своите, и од обврските за радиодифузерите, кои произлегуваат од меѓународните документи и домашното законодавство.

Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги пропишува дека радиодифузерите мора да се придржуваат до начелото на еднаквост на слободите и правата независно од полот, и им забранува да емитуваат програми со кои се поттикнува или шири дискриминација, нетрпеливост или омраза врз основа (меѓу другото) на пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група. Агенцијата го следи почитувањето на овие обврски преку вонредни надзори кои ги презема или врз основа на претставки или по службена должност. Констатациите од овие надзори, преземените активности и евентуални мерки се објавени на веб страницата на Агенцијата.

Од 2012, како дел од обврските предвидени со Законот за еднакви можности на жените и мажите, АВМУ спроведува годишни истражувања и анализи фокусирани на начинот на кој во аудиовизуелните програми се третираат родовите прашања и се прикажуваат жените и мажите. Со ова, Агенцијата обезбеди значаен удел во конструирањето општествени норми за начинот на кој различнополовата популација дејствува во јавниот  домен.

Во овој контекст, а со цел да се подигне свеста за сексизмот во медиумите, Агенцијата во 2017 година изработи медиумска капања „Сексизмот понижува“, составена од три спота, два за телевизиско и еден за радио емитување.

 

Оперативни планови на Агенцијата

Skip to content